Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕСКОВСКИ: Секој проект во Карпош со стандард за олеснување на движењето на лицата со телесен инвалидитет

ВЕСКОВСКИ: Секој проект во Карпош со стандард за олеснување на движењето на лицата со телесен инвалидитет

Го слушнавме гласот на „Мобилност Македонија“ - за инклузија на лицата со телесен инвалидитет и заедно се бориме за инклузија на лицата со телесен инвалидитет, вели кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ кој денеска се сретна со претставниците од Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.


Тие ги раскажале сите проблеми и предизвици кои се нивно секојдневие.Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија -МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА има за задача да ги претставува и застапува лицата со телесен инвалидитет и нивните интереси во комуникација со државните органи во земјава, како и на меѓународно ниво.

„Посветивме внимание и време во кое се разговараше за недискриминација и поттикнување на лицата со телесен инвалидитет да се потпираат на сопствените сили и способности, за економска, социјална, здравствена и правна заштита, како и создавање услови за непречен секојдневен живот, стои во соопштението.


Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски, заедно со присутните советници, истакнале дел од програмата за Локалните избори 2021.
„Ќе обезбедиме висок степен на инклузија на лицата со посебни потреби во општествените процеси, а при реализацијата на кој било проект во Општината, ќе се применуваат највисоките стандарди за олеснување на нивното движење и секојдневие.“
Визијата e една и заедничка -  Општество во кое се почитува различноста на секој граѓанин, вели Весковски.




Слично

Поврзани вести