Весковски не сака да му ја земе позицијата на Шилегов
Душко Весковски, директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје, вели дека има добри односи со скопскиот градоначалник Петре Шилегов и дека не би сакал да му ја одземе кандидатората за нов мандат кога наесен ќе се одржат локалните избори.
Како што тврди „Фокус“, според неофицијални информации, Весковски како организациски секретар на СДСМ е во сериозна конкуренција за скопски градоначалник.
Весковски сепак ги отфрла ваквите информации, истакнувајќи дека има одлични односи со Шилегов и дека е посветен на директорската функција во јавното водоводно претпријатие.
Шилегов од претходно веќе отворено пројави амбиција за уште еден мандат.
Слично
