Економија, финансии, бизнис

Контакт

Весковски: Младите се приклучуваат кон СДСМ, партијата расте, се менува и демократизира

Весковски: Младите се приклучуваат кон СДСМ, партијата расте, се менува и демократизира

Организациониот секретар на СДСМ, Душко Весковски, не денешната прес конференција истакна дека во тек е процесот на ажурирање на членството и активна регистрација, а по неговото завршување следуваат и првите внатрепартиски непосредни избори за претседател на СДСМ. Вели дека интересот е голем, но посебно потенцираше дека многу нови, пред сè млади луѓе се приклучуваат кон владејачката партија.

-Радува тоа што кон партијата се приклучуваат прогресивни луѓе кои препознаваат СДСМ како партија со која е возможен напредок и развој на државата. Денеска на пет дена до завршувањето на овој процес, ги повикувам сите членови кои досега не го ажурирале членството, тоа да го сторат во своите матични општински организации, а ја користам приликата и да ги повикам и младите овде во Карпош но и низ целата држава, да се приклучат кон СДСМ. Сите кои ги делат социјалдемократските вредности, сите кои сакаат да помогнат во создавање и реализација на мерки и политики што носат подобра иднина за сите, да се приклучат кон СДСМ, повика Весковски.

Тој нагласи дека во изминатите три години СДСМ покажа што значи одговорно, транспарентно и домаќинско работење и уште еднаш ги повика младите да се приклучат кон, како што рече, кон тимот што гради подобра иднина за секој граѓанин. 


Слично

Поврзани вести