Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕСКОВСКИ ЌЕ ТРЧА ЗА КАРПОШ ЗА СДСМ: Директорот на „Водовод“ кандидат за градоначалник

ВЕСКОВСКИ ЌЕ ТРЧА ЗА КАРПОШ ЗА СДСМ: Директорот на „Водовод“ кандидат за градоначалник

Душко Весковски актуелниот директор на ЈП Водовод Скопје ќе биде кандидат за градоначалник на општина Карпош од СДСМ, потврдуваат неофицијално за Фактор од партијата. 

Весковски во интервју за Фактор веќе соопшти дека е можен кандидат за оваа скопска општина, но за конечната одлука требаше да одлучи раководството на партијата. СДСМ вчера одржа седница на Извршен одбор на која се утврдеи имињата на останатите кандидати за градоначалници за општините за кои се уште немаше потврдени кандидати, а меѓу нив е и Весковски.

Сите нив ќе ги објави попладнево генералниот секретар и шеф на Изборниот штаб на партијата, Љупчо Николовски. За Весковски во партијата има позитивно мислење поради успешноста во раководењето на ЈП Водовод Скопје, а такво било мислењето и од анкетите.

Еве други детали за некои кандидати кои се потврдени.


Слично

Поврзани вести