Економија, финансии, бизнис

Контакт

Весковски ќе ja тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета, вели дискредитациите се поради високиот рејтинг

Весковски ќе ja тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета, вели дискредитациите се поради високиот рејтинг

Генералниот директор на „ЈП Водовод и канализација“, Душко Весковски, на прес-конференција ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за реконструкцијата на улицата Варшавска и најави тужба за клевета.

„Единствен повод за грубите манипулации за моја лична дискредитација е убедливото водство и високиот рејтинг на сите анкети, вклучително и анкетите на ВМРО ДПМНЕ во трката за градоначалник на Општина Карпош“, смета Весковски. 

Вели дека целокупната документација за оваа јавна набавка веднаш ја става на располагање на надлежните органи, а воедно ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување и тужба за клевета.

„Хронолошки со приложена документација во целост на јавноста ви ја прикажувам законски спроведената јавна набавка:

Број 1 – Предметната јавна набавка е започната во 2019 година по што е склучена рамковна спогодба со 5 најреномирани фирми од областа на нискоградбата во државата.

Број 2 – Во месец Јули од Општина Карпош е издадено одобрение за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа.

Број 3 – По добиеното одобрение е започната постапка за негативно аукциско наддавање, на која учествувале сите 5 фирми. Како најповолен понудувач е избрана посочената фирма КБК инжинеринг по повеќекратно намалување на почетната цена. Ниту во тој момент а ниту до ден денес ниту еден од учесниците во јавната набавка не вложил жалба на спроведената јавна набавка.

Број 4 – По завршената негативна аукција на 09.10.2020 година склучен е договор со посочената фирма по што истата е воведена во работа. На 30.10.2020 година завршена е реконструкцијата на канализационата мрежа а на 25.12.2020 година е завршена реконструкцијата на водоводната мрежа. За изведените градежни работи уредно се водени градежни дневници и книги, потпишани од овластен надзор и техничко лице. Во прилог ви ја доставувам на увид градежната документација“, рече Весковски.

Весковски додаде дека нема да дозволи најтранспарентното јавно претпријатие во државата да биде злоупотребено за политички цели. 

Слично

Поврзани вести