Весковски: Како атрактивно земјиште во Карпош е продадено за багателна цена?
Душко Весковски од СДСМ на партиска прес конференција откри потенцијално спорна зделка за државно градежно земјиште кое било продадено од општина Карпош под водство на Стевчо Јакимовски за смешна сума за потоа неговата вредност неколкукратно да се зголеми.
„Градежното земјиште со вкупна површина од 1.533 м2 е продадено за 671.454 денари (речиси 11 илјади евра) на друштвото за производство, трговија и услуги ГРОМ ПРОМЕТ ДОЕЛ. Го прашуваме Јакимовски, како оттуѓил државно земјиште за багателна цена слично како неговиот коалиционен партнер Груевски. Само 2 месеци подоцна по оттуѓувањето, истото земјиште заедно со легализираните објекти застапувано од ГРОМ ПРОМЕТ ДООЕЛ е продадено на фирмата Друштво за градежништво, инженеринг производство и трговија на големо и мало ДАБАР ДООЕЛ по цена од 36.900.000 денари или 600 илјади евра, тврди Весковски од СДСМ.
На прес конференцијата беа презентирани и документи од општинските одлуки со ветување дека доколку дојде до смена на раководството во Карпош случајот ќе биде истражен.




