ВЕСКОВСКИ ИМАШЕ ДВАЈЦА ПРОТИВНИЦИ НЕ ОД РАЗЛИЧНИ ПАРТИИ, ТУКУ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕДНА СТРАНА: Изборен штаб на Карпош за дебатата со Јакимовски и Зафировски
На вечерашната
дебата во Само вистина на Канал 5, кандидатот за градоначалник на Карпош од
СДСМ и коалицијата, Душко Весковски, не беше на дебата со двајца противници од
различни партии, туку со двајца претставници на една страна, соопштија од ОИШ
Карпош.
-Имено, Весковски прецизно ги посочуваше причините за пропаѓање на општина Карпош за време на владеењето на Стевчо Јакимовски и ВМРО ДПМНЕ, големиот долг оставен од времето на Стевчо и начините за да се врати тој долг, Јакимовски се бранеше дека бил одговорен за многуте направени нешта, притоа избегнувајќи ја одговорноста за неодговорното работење во општината, како и одговорот дека повеќе зел отколку што дал. Зафировски, пак само набљудуваше и се оградуваше од секаква одговорност на партијата која ја претставува, посочуваат од ОИШ Карпош. Истовремено нагласуваат дека кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ, во дебатата поентира со реалните проекти и достигнувања во изминатиот период во општина Карпош, поддршката од ЕУ за издржаните проекти, планската реализизација на инфраструктурни проекти и реалната можност за нивната изведба.
Исто така, ги потенцираше и реалните проблеми на граѓаните како и начините за нивно решавање, нагласуваат од ОИШ Карпош.
