Економија, финансии, бизнис

Контакт

Весковски и Јовановска потпишаа Меморандум за соработка

Весковски и Јовановска потпишаа Меморандум за соработка

Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје и кандидат за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски и Мила Јовановска, претседателка на Гоу Грин потпишаа Меморандум за соработка.

Гоу Грин е младинска организација за одржлив развој и заштита на животната средина која работи на полето на младинскиот еко-активизам, образование за климатски промени и одржлив развој како и социјална инклузија за зелена економија

Водени од заедничкиот интерес за заштита на животната средина, младинскиот активизам и водењето политики кои промовираат одржливо користење на природните ресурси, потписниците на овој Меморандум ќе се залагаат за реализација на проекти за доброто на заедницата, врз основа на принципите за транспарентност и отчетост.

Слично

Поврзани вести