Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕШТАК ОД СЛОВЕНИЈА: Од 51 медицинска документација само во една имаше конзилијарно мислење за терапијата

ВЕШТАК ОД СЛОВЕНИЈА: Од 51 медицинска документација само во една имаше конзилијарно мислење за терапијата

Од 51 медицинска документација само во една имало конзилијарно мислење за терапијата. Ова го кажа вештак од Словенија на судењето за случајот „Онкологија“. 

„Од разгледаната медицинска документација, одделни ретки наоди беа структурирани, но во голем број наоди беше забележано дека пациентот добива лек, а нема забележани какви потешкотии има, значи без анамнеза и без клинички преглед и какви се протоколите. Генерално гледано, целокупната документација беше многу нецелосна“, изјави вештакот Маја Равник од Медицинскиот факултет „Марибор“ во Словенија.

Равник, која заедно со асистентката Јасмина Јордан го изработиле вештачењето, во судницата одговараа на прашања на Основното јавно обвинителство Скопје.

Секоја промена на лекот или дозата мора да биде јасно забележано и од која причина, а конзилијарното мултидисциплинарно одлучување, како што посочи вештакот, е златен стандард на доброто онколошко лекување.

Прашана дали во досиејата што ги разгледале забележале конзилијарно одлучување при определување или промена на терапија, таа рече дека при прегледаните 51 медицинска документација, само во една имало запис од мултидисциплинарен конзилиум.

„Од разгледаната медицинска документација, одделни ретки наоди беа структурирани, но во голем број наоди беше забележано дека пациентот добива лек, а нема забележано какви потешкотии има, значи без анамнеза и без клинички преглед и какви се протоколите“, рече вештакот.

Сведокот рече дека имало пациенти без редовни амбулантски прегледи, и тоа било забележано само во мал дел од документацијата.

Телесната висина и тежина на пациентите биле бележани само во мал број случаи. За коморбидитетот, вештакот кажа дека во документите што ги анализирале имало уште помалку податоци.

Слично

Поврзани вести