Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вештачки снег наврна на Пониква, се подготвува теренот за зимската сезона

Вештачки снег наврна на Пониква, се подготвува теренот за зимската сезона

Пониква годинава треба да биде пример за зимски туристички центар. Со донација на А.Д. МЕПСО, денеска беа успешно тестирани топовите за вештачки снег во ски центарот. МЕПСО заедно со компанијата „Енерго систем“, изведувач на проектот за изградба на сноуборд парк  во ски центарот „Пониква“, утрврдија дека топовите за подготовка на вештачки снег за скијачките патеки функционираат без проблеми.

Според  МЕПСО, оваа компанија донирала околу 1 милион евра за изградба на системот за создавање вештачки снег на двете скијачки патеки. Инаку проектот вклучува изградба на вештачка акумулација за вода од која ќе се прави вештачки снег, електроенергетска и водоводна инфраструктура за пренос на водата до патеките и за подготовка на вештачки снег. За таа намена набавени се 5 топови за создавање вештачки снег, поставено е осветлување на двете скијачки патеки и набавени се реквизити за поставување сноуборд парк на една од скијачките патеки на „Пониква“.

Исто така набавени се и возило за подготовка на скијачки патеки (популарно наречено „Ратрак“) и снежна моторна санка.  
Слично

Поврзани вести