Вештачката интелигенција и работната сила: Адаптацијата како клуч до иднината
На првиот ден, од 19. Конференција на Комората за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) насловен „Вештачката интелигенција и работната сила – со адаптација до иновација", чиј главен фокус е улогата на ВИ во трансформацијата на работните места и како државните политики можат да го поддржат овој процес експертите истакнаа дека вештачката интелигенција (ВИ) не само што ќе ги промени работните места, туку и ќе отвори нови можности за вработените и компаниите. Преку панел-дискусии, учесниците дебатираа како државните политики и поддршката за иновации може да го олеснат прифаќањето на ВИ во различни сектори и да овозможат ефективна трансформација на работната сила.
Кристоф Томен: "Луѓето и машините мораат да соработуваат за да постигнеме успех"
Кристоф Томен, оперативен директор во Vector8, истакна дека интеграцијата на ВИ во компаниите е неизбежен процес кој треба да се разбере како следна технолошка револуција, слична на индустриската револуција. „Луѓето се плашат од губење на работните места, но адаптацијата е клучна,“ нагласи Томен. Со примерите од минатото, како развојот на интернетот и телефонот, тој додаде дека со соработка меѓу луѓето и машините, ќе можеме да го искористиме целосниот потенцијал на ВИ за доброто на сите.
„Вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето, но луѓето кои користат AI ќе ги заменат оние кои не користат вештачка интелигенција„
Според него, потребно е компаниите да бидат подготвени за промени, со брза адаптација кон новите технологии. „Во 2023 година, дури 54 отстоне предвиделе инволвирање на ВИ, но денес, без таква интеграција, многу компании ќе се соочат со сериозни предизвици.

ВИ може да донесе решенија за многу од постојните проблеми,“ посочи Томен. Заедно со иновацијата, тој препорачува компаниите да ја зголемат ефикасноста преку нови стратегии за управување и планирање на ресурсите.
Кетрин Ф. Симон: „Талентот и адаптацијата се клучни за успешна примена на ВИ“
Од перспектива на човечките ресурси, Кетрин Ф. Симон, го истакна значењето на едукација и адаптација на работната сила. „Важно е да ги тренираме луѓето за иднината,“ рече Симон, потенцирајќи дека модерниот пазар на труд бара квалитет пред квантитет. Во ера кога технологијата и бизнисите се менуваат брзо, компаниите треба постојано да ја надградуваат работната сила.
Симон истакна дека Македонија има потенцијал за користење на ВИ, особено со подобрување на образовниот систем и поддршка на креативноста кај младите. „Потребни ни се луѓе со критичко и креативно размислување, што е основа за иновација,“ додаде таа. Покрај тоа, таа го нагласи значењето на задржување на талентите кои веќе се присутни во земјата и истакна дека младите генерации треба да имаат можност за учење и надградување преку соработка со постарите вработени, кои како што рече се дарежливи во пренесувањето на знаењето, на новите вештини.
Патот напред: Кон иновативно и адаптибилно општество
Присутните експерти се согласија дека вештачката интелигенција ќе го промени начинот на кој работиме, но дека успехот во овој процес зависи од брзината на адаптација и поддршката од општеството и државните институции. Томен и Симон повикаа на соработка меѓу компаниите, владините институции и образовните системи за да се овозможи непречена трансформација која ќе биде во корист на сите.
Нивното излагање заврши со јасна порака: иднината ќе биде комбинација од луѓе и машини, а вештачката интелигенција ќе биде важен алат во креирањето на нова, иновативна работна средина каде што човековата креативност и способност за адаптација ќе играат клучна улога.
Анита Буховски
