ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ
Директорка на канцеларијата на Европскиот совет за надворешна политика во Софија, Весела Чернева вели дека Македонија тешко ќе почне преговори со Европската Унија(ЕУ).
Кажа во моментов изгледа тешко да се замисли дека Република Северна Македонија може наскоро да ги започне преговорите со ЕУ. Според неа, гледаме дека и за двата клучни договори за оваа земја – оној со Бугарија, последователниот француски за промени на Уставот, а исто така и Договорот од Преспа од една година претходно, кој го отвори патот на РС Македонија кон членство, се пред замрзнување.
„Овие типично симболични гестови од страна на новиот македонски претседател навестуваат прилично студена клима и се чини дека оваа земја нема да биде меѓу првите што ќе преговара и ќе напредува во однос на ЕУ“, предвиде Чернева.
Изјави дека „ЕУ почна да зборува за проширување во последните година и пол многу поактивно, но не поради балканските земји, туку поради Украина и Молдавија“.
Франција, а потоа и Бугарија ја блокираа Македонија да почне преговори со ЕУ.
При давање заклетва, македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова кажа само Македонија, испуштајќи ја придавката Северна, поради што има реакции од Грција, Бугарија и ЕУ.
