Економија, финансии, бизнис

Контакт

Весела Чернева кажа како може да се олесни напнатоста меѓу Македонија и Бугарија

Весела Чернева кажа како може да се олесни напнатоста меѓу Македонија и Бугарија

Мали се шансите до изборите во Бугарија да има промени во односот кон Македонија. 

Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), Весела Чернева за бугарскиот весник „Дневник“ вели дека конкретно за Северна Македонија не гледа дека оваа Влада има желба и намера да прави што и да било до март, така што за напредок може да зборувам најрано за средината на годината. 

Чернева изјави дека наместо Скопје да ја „турка“ оваа тема во предизборието во Бугарија, двете земји да се посветат на конкретни проекти. Таа ја коментира и изјавата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервјуто за МИА, дека е „подобро земјата да одмори од проблемот со Бугарија додека не поминат изборите таму и да се посвети на средување на сопствениот двор“.

„Ако навистина има желба да работи по прашања како Коридорот 8, може да работи на нив, независно од изборите во Бугарија. Таквите нешта можат да ја олеснат напнатоста – конкретни проекти од кои и двете земји ќе имаат корист“, вели Чернева.

За проширувањето на ЕУ оваа година таа не е оптимист. 

Специјалниот пратеник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, се враќа од неговата официјална посета на Софија со акциски план за соработка што беше пред него претставен од бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Планот е насочен кон спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство и се очекува да биде потпишан на претстојниот генерален состанок на меѓувладината конференција.

Слично

Поврзани вести