Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕСЕЛ МЕМЕДИ: Зијадин Села прави коалиција со ВМРО ДПМНЕ

ВЕСЕЛ МЕМЕДИ: Зијадин Села прави коалиција со ВМРО ДПМНЕ

Зијадин Села прави коалиција со ВМРО ДПМНЕ, изјави вечерва пратеникот Весел Мемеди од НДП во Анализа на 24 телевизија. 

Вели дека примерот со Села не се толерира никаде во светот, да прави коалиција со една партија на централно, а со друга на локално ниво. 

„Цело време зборува да се сруши Груевски, а сега прави коалиција. Има логика?Нема“ - вели Мемеди. 

Според Мемеди, Села уценувал за формирање на Влада и затоа добил повеќе позиции иако има само два пратеници. 

За Села вели дека зборувал против БЕСА дека се финансираат од Катар, а сега со нив ќе соработува. 

Мемеди рече дека вистината мора да излезе на виделина, а тој нема да менува ставови како што тоа го прави Села. 

За коалицијата вели дека е формирана со крв и дека не треба некој да си игра со неа. 

Слично

Поврзани вести