Економија, финансии, бизнис

Контакт

Верувајте дека не е лесно - велат Македонците кои се вратија од Израел

Верувајте дека не е лесно - велат Македонците кои се вратија од Израел

Македонците кои се вратија денеска од Израел, велат дека таму воопшто не е лесно, дури ниту во местата каде немаше вооружени дејствија. Не знаат дали состојбата ќе ескалира. 

Двете лица, брачен пар кои се „заглавени“ во Појасот Газа, тие не ги познаваат. Дел од Македонците кои стигнаа велат дека уште има наши граѓани во Израел, но се надеваат дека и тие ќе стигнат дома. Некои од патниците кои дадоа изјава за медиумите рекоа дека поради работа заминале во Израел. Но, имало и лица кои отишле туристички во Израел. 

„Таму седевме седум месеци, како турист, многу убави спомени имам, ама се случи тоа што се случи. Не знам точна бројка, но многу луѓе дојдоа. Имаше и други од Куманово“, раскажа Марица Јаневска, од Куманово.  

Со помош на Ер Србија, Македонците допатуваа дома. Во саботата групата Хамас почна со напади во Израел. 

Слично

Поврзани вести