Економија, финансии, бизнис

Контакт

Верува ли Мицкоски се уште дека Груевски е чесен?

Верува ли Мицкоски се уште дека Груевски е чесен?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во интервју на 1ТВ рече дека работите во партијата се под контрола, и дека граѓаните за партијата не треба да бидат загрижени. 

Смета дека со криминалците и со криминалот мора да се расчисти. 

Според него, треба да се загрижат сите за оние порази кои се случуваат во земјата. 

Вели дека се во полна кондиција во партијата. Кога зборува чесен, вели дека тоа го тврди за себе си без да коментира за други. 

„На самиот чин на бегството, тоа го кажав во неколку изјави, еве и сега ќе кажам, да, го осудувам бегството, но повторно ќе кажам мора да се знае зошто се случи тоа, кои се помагачите“, вели Мицкоски. 

Oткако стана претседател на партијата, вели дека си поставил амбициозна агенда, и вели дека верува во реформи и правна држава. 

„Она што сега се случува во Македонија е црнила“, рече тој. 

Вели дека треба да се фокусираме на сегашноста, за да си ја обезбедиме иднината. 

Слично

Поврзани вести