Економија, финансии, бизнис

Контакт

Верушевски дојде да сведочи на судење

Верушевски дојде да сведочи на судење

Советникот за национална безбедност на премиерот, Зоран Верушевски, по неуспешниот обид на судот да го пронајде на работното место, денеска се појави на судското рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“ на СЈО за да сведочи за масовното прислушкување. 

Судот на претходното рочиште му достави покана на поранешниот разузнавач на неговото работно место, но тој не се одзва на 6 септември и ја пропушти можноста да се соочи со првообвинетиот Сашо Мијалков како поранешен директор на УБК.

На рочиштето е и обвинителот од СЈО, Артан Ајро, кој е овластен застапник на предметот од страна на Јавното обвинителство. Покрај Мијалков, во овој случај обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Верушевски треба да сведочи како му ги предал прислушкуваните разговори на тогашниот опозициски лидер Зоран Заев добиени од „свиркачите“ Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски.




Слично

Поврзани вести