Верски храмови ќе се реконструираат со пари од ЕУ
Ќе се реконструираат Црквата Свети Архангел Михаил во тетовско Непроштено и Хаџи беј Џамија во Битола во рамки на проектот насловен Обновувајќи го нашето минато ја градиме нашата иднина.
Архитектонско-конзерваторските работи кои ќе се спроведат на верските објекти ќе ги реализира Националниот Конзерваторски Центар.
Од Центарот за Развој и унапредување на јавниот живот од Тетово, велат дека се формира координативно тело од претставници на иституции, организации, невладини организации, жители на Непроштено кои ќе имаат задача во следниот период да ги координинараат работите околу обновта на црквата Свети Архангел Михаил.
Проектот за реконструкција на црквата и џамијата е имплементиран од италијанската невладина организација Меѓународна сорботка Југ-Југ, а финансиски поддржан од Фондовите на Европската унија.
Слично
