Веројатно денес не е денот кога Груевски ќе влезе во затвор
Се поизвесно станува дека екс премиерот кој ја доби првата пресуда од две години затвор денеска нема да влезе во затворската ќелија во Шуто Оризари.
„Виновни“ за пролонгирање на одењето во затвор се жалбите кои одбраната почна да ги поднесува од вчера до Кривичен совет.
Според некои најави, денеска лично и жалбата од самиот Никола Груевски треба да стигне на адреса на советот кој од добивањето на жалбата ќе има рок од три дена да одлучи по жалбата.
Не е познато како ќе се произнесе Кривичниот совет, но можно е пресудата да биде потврдена.
8 ноември е денешниот датум до кога актуелниот пратеник имаше рок да се јави во затворот во Шутка.
Собранието пак на седницата утре ќе ја носи одлуката за одземање на мандатот.
Слично
