Економија, финансии, бизнис

Контакт

Верниците го слават вториот ден од Велигден

Верниците го слават вториот ден од Велигден

Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден. 

Оваа година заедно и православните и католиците го слават Велигден. Денеска е државен празник и неработен ден во Република Македонија.

Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а Велигденска миса беше одржана во католичката црква Срце Исусово.

Празнувањето продолжува со воскресенски литургии. Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан по повод вториот ден Велигден денеска ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Центар.

Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Велигден е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

На третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот.

Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Слично

Поврзани вести