Верници без пријавен престој се шетале на Шар Планина, полицијата ги казнила
Верници од разни земји на потекло наклонети кон ориентални верски убедувања неколку дена престојувале под отвопрено небо и без пријавен престој на падините на Шар Планина.
Истите завршиле во Тетовскиот суд, откако полицијата ги приведе поради непријавен престор за што добиле известување за казни од по 1000 денари, објави Досие.
Групата номади со денови шетале и живееле по планини и полјанки со музички инструменти. Дошле од Албанија а по потекло националностите се од Италија, Германија Укранина о Израел
Првиот пат биле пронјдени во напуштена штала каде се засолниле оти на планината имаше големо невреме и минусни температури , а тие се облечени во лесна облека и сандали. Полицијата тогаш им понудила да преспијат во хотел и тоа без никаков надоместок но тие одбиле.
Неизвесно е каде ќе пријават престој номадите кои живеат на различни непознати места кои немаат ниту адреси ниту се знае каде ќе ја поминат ноќта.
