Економија, финансии, бизнис

Контакт

Верижен судир во Скопје: Младо момче жртва на несреќата

Верижен судир во Скопје: Младо момче жртва на несреќата

Сообраќајните незгоди не престануваат на скопските улици.

Уште една незгода во редот во која има жртва младо момче.

Според податоците кои ги пренесуваат медиумите сообраќајната незгода се случила синоќа, половина час пред полноќ.

Имено, се судриле  три автомобили, сите со скопски регистерски таблички, „Ауди“ управувано од 20-годишниот С.А., „Ровер“ кој го управувал Амир Б. (22) и автомобил „Сеат“ кој го возел 42-годишниот Б.Е. на улицата Лазо Трповски.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на Роверот кој со Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар каде за жал им подлегнал на повредите. Во страшната несреќа полесно повредени се и другите двајца возачи, како и четворица сопатници кои се наоѓале во автомобилите, Б.А. (24), Е.И. (21), А.Е. (18) и А.Е. (19). Истите се пренесени во Ургентниот центар и во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Слично

Поврзани вести