Економија, финансии, бизнис

Контакт

Верификувани мандатите на новите 120 пратеници

Верификувани мандатите на новите 120 пратеници

Со 116 гласови – ЗА, и без ниту еден ПРОТИВ и ВОЗДРЖАН, Собранието ги верификуваше мандатите на новите 120 пратеници.

Изборот за пртседател, заменик претседател и членовите на Комисијата за прашања за избори и именувања, како и изборот на претседател на Собранието ќе се случат кога ќе се создаде парламентарното мнозинство, односно кога ќе се создаде мнозинство за формирање на новата влада.

До изборот на нов претседател на Собранието, со седниците ќе претседава досегашниот претседател во заминување, Талат Џафери, а на оваа седница за негови заменици беа избрани Горан Мисоски и Флоријан Бесими.

Претседавачот Талат Џафери им честиташе на колегите пратеници. Со ова практично завршува мандатот на претходните народни избраници. Заврши и мандатот на техничкиот премиер Оливер Спасовски и на министрите во владата, но тие ќе останат секој на својата должност, на чело со Спасовски, до изборот на новата влада.

Конститутивната седница се одржа во свечената сала Купола, со строги здравствени протоколи за заштита од Ковид-19 и со рачно гласање.

Претседателот Стево Пендаровски во рок од 10 дена треба да го даде мандатот за формирање нова влада.

Слично

Поврзани вести