Вербалните ноти за името доставени до постојаните мисии на ОН во земјава
Министерството за надворешни работи ги достави Вербални ноти за новото име до постојаните мисии на ОН во земјава.
МНР соопшти дека денеска Република Северна Македонија во согласност со обврските од Конечната Спогодба ги достави трите вербални ноти: Вербална нота од Постојаната мисија до Протоколот на ОН, Вербална нота од Постојаната мисија до земјите членки и земјите набљудувачи на ОН и Вербална нота од Министерството за надворешни работи до сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, со кои се информира за настанатите промени.
Слично
