Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Вера тур“ велоспипедска трка низ сите екс ју републики: Се вози за сите кои заминаа од нашите животи

„Вера тур“ велоспипедска трка низ сите екс ју републики: Се вози за сите кои заминаа од нашите животи

Велосипедска трка низ поранешните југословенски републики, со наслов ВЕРА ТУР 2022 организира  Александар Стојков, успешен регионален деловен човек со потекло од Македонија. Трката е со должина од 2.500 километри, низ 6 држави, а Стојков ја прави во чест на неговата почината мајка Вера Стојкова, но и во чест на сите оние што ги загубија животите од Ковид-19. 

Организаторите велат дека идејата за ваков спортски предизвик, сериозен логистички и организациски потфат, дошла во момент кога поради смртта, Александар не бил во можност да ја однесе неговата мајка на местата каде што работи, создава и гради. Сето тоа го мотивирало да осмисли една ваква манифестација во форма на аматерска маратонска тура со велосипед, која ќе ги обедини сите тие места, сите главни градови на овие 6 држави, сите места од неговото детство, сите важни места за семејството, но и за Македонија. 

„Покрај другото, ќе оддадеме почит со официјален пречек на споменикот на Тоше Проески во Нова Градишка, ќе го посетиме и местото на кое загина Претседателот Борис Трајковски со екипажот, ќе ја посетиме и новозавршената Македонска црква во Загреб, а воедно ќе ги посетиме и сите природни убавини на 6-те држави по должина на рутата. Велосипедската тура почнува од родното место на Вера и на Александар, Свети Николе на 21.03.2022 и ќе се вози низ 5 поранешни Ју-републики (Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора) и Албанија, а финишот повторно е во Македонија, на 05.04.2022 година, велат организаторите.

Целта на оваа велосипедска тура е возобновување на човечките вредности, подзаборавени или изместени во последно време, враќање на соработката, разбирањето и љубовта од секаков вид, кои некогаш ги имаа, а денес помалку ги практикуваат народите кои живеат на овие простори. 

Целата организација на турата е проследена со специјално дизјнирана опрема за овој настан и тоа официјален дрес, со знамињата на државите низ кои се минува, официјални маици, официјални спортски дуксери за учесниците и за фановите, како и сета потребна професионална опрема што е потребна за организација на една ваква тура. Турата ќе се вози во вкупно 15 етапи, со околу 170 километри секоја, во 15 дена, со само два дена пауза меѓу етапите, што е подвиг еднаков на големите велосипедски натпреварувања. Единствената разлика меѓу големите трки и оваа тура, е ревијалниот карактер кој го има ВЕРА ТУР во оваа година, меѓутоа работиме и се надеваме, дека од следната година ВЕРА ТУР ќе прерасне во традиционална трка, пред се поради карактерот, меѓутоа и затоа што на овие простори нема таква слична гранд-велосипедска тура. Се планира оваа тура да прерасне во голема натпреварувачка трка на овие простори, пандан на француската (Тур де Франс), италијанската (Џиро д’Италиа) и шпанската (Вуелта а Еспања) и затоа оваа прво издание е дополнителен предизвик, што идејата е од тука, од Македонија, организацијата е наша и што уште сега сме препознатливи и уникатни по тоа. Моментот кој и дава дополнителна тежина и значење на ова тура, во 2022-та година, е временскиот период во кој ќе се одржува премиерното издание. Стартот е на 21-ви март, а финишот е на 5-ти април, односно денот на раѓањето и денот кога почина мајката на Александар, Вера. Тоа е период кој бара дополнителен труд и дополнителни подготовки, затоа што временските услови не се баш наклонети кон велосипедизмот. 

Слично

Поврзани вести