Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вера Иванова доби условна казна за продажба на дијализниот центар „Диамед“

Вера Иванова доби условна казна за продажба на дијализниот центар „Диамед“

Сопственичката на „Диамед“, Вера Иванова, доби условна казна затвор од две години доколку во следните пет не направи друго кривично дело, за нелегална продажба на дијализниотт центар на шведски „Диаверум“. Обвинението беше поднесено пред две години.

Кривичниот скопски суд одлучи да се конфискуваат сите пари од илегалната купопродажба, бидејќи Иванова не смеела да ја продава лиценцата која била претходно стекната на тендер од Министерството за здравство.

Конфискацијата е околу 11,5 милиони евра. од кои 3.275.000 милиони евра биле кај Иванова, а од правното лице ББИ Компани Генерал Солушнс Сервис ЛТД се конфискува износ од 8.280.000 евра, сума која како трансакција беше замрзната во Монако.

И обвинителството и обвинетата имаат право на жалба. Обвинетата Иванова претходно поднесе кривични пријави против поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче поради нивното инволвирање во процесот на купопродажба, бидејќи го убедувале инвеститорот од Шведска „Диаверум“ да не ја купува „Диамед“. 

Слично

Поврзани вести