Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на 30-от партиски конгрес изјави дека СДСМ ќе ja вратат на победничките патеки. 

Вели дека нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија. Наведе дека е потребно многу работа. Филипче вели дека да се води државотворна партија е посложено од операција.  Рече дека со многу критики се согласува и тие ќе бидат водилка. 

„Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта“, кажа Филипче. 

Вели дека поразот на изборите, не е крај, туку нова шанса. 

„Точно е дека ЕУ и НАТО не се мачкаат на леб, граѓаните сакаат ефикасна држава“, додаде Филипче. 

Вели дека биле сервилни кон коалицискиот партнер, не се справиле до крај со криминалот на претходниците. За Радмила Шекеринска кажа дека е прва жена од Балканот која ќе биде втор човек на моќниот воен сојуз НАТО. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни кон народот. Повика СДСМ да делува во духот на социјал-демократските вредности. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести