ВЕНКО КРСТЕВСКИ Е В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИК НА КОЧАНИ: Што вети за периодот кој следи?
Независниот советник Венко Крстевски денеска советниците го избраа за в.д. градоначалник на Кочани.
Тој доби девет гласа од советниците на СДСМ, а Левица гласаше воздржано. Членовите на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за нивниот координатор Гоце Марков.
По изборот за в.д градоначалникот, Крстевски се заблагодари за поддршката и нагласи дека во наредните шест месеци до локалните избори ќе работи на рехабилитација на градот по големата трагедија која се случи на 16 март и поефикасно функционирање на институциите.
Членовите на Советот на Општина Кочани денеска избираа в. д градоначалник бидејќи градоначалникот Љупчо Папазов поднесе оставка и е еден од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 61 лице, а над 200 се повредени. Голем дел од повредените беа на лекување во странство.
