Венко Крстевски : Власта сака со спомениче од 2 милиони денари да се доближи до граѓаните на Кочани
Венко Крстевски, в.д. градоначалникот на Кочани, ја обвини власта, особено пратеникот Миле Лефков и премиерот Христијан Мицкоски, дека сакаат, како што рече, со спомениче од 2 милиони денари да се доближат до граѓаните, наместо да изградат вистински меморијален центар за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“.
- Според мене паметно ќе беше да се направи меморијален центар. Да не се разбереме погрешно. Значи, секоја помош е добредојдена, меѓутоа меморијален центар како што го имаме во Крушево за по примерот на Тоше Проески, доколку беше направен во некоја локација на градот и истиот да биде репрезентативен. Вака со спомениче, со такви предлози мислам дека само се труде популистички да се настапува од одредени политичари, вели Крстевски во денешното интервју за РСЕ.
Владата одобри 2 милиони денари за споменик во Кочани. Како вие гледате на оваа идеја во време кога се собираат пак донации за да се помогне на настраданите од трагедијата?
Јас ова го гледам како очаен крик, пред се од страна на пратеникот од Кочани, на некој начин пробувајќи да им се доближи до родителите и апелирам да се одобри сериозна финансиска помош, да се исплатат средства на родителите кои што се починатите деца, иако нема финансии кои што ќе ја анулираат таа болка која што имаат. Таа болка ќе биде вечна, додаде тој.
Крстевски рече дека на последната седница, која патем помина со инцидент помеѓу советниците, имало точка на дневен ред за поставување на споменик но изработен со донација од самите родители на починатите деца. Тој монумент треба да биде изграден на Пониква.
