Венко Филипче: Утре поднесувам тужба против Миле Лефков
Венко Филипче, министерот за здравство, објави дека утре ќе поднесе туќба против Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ за клевета за наводна набавка на кинески вакцини од Синофарм заради остварување на провизија преку фирма-посредник од Хонг Конг.
„Со очјани и срамни лаги ВМРО-ДПМНЕ продоложува да ме клевети, но уште пострашно намерно да го поткопува процесот за набавка на вакцини. Лажни и неточни се информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите кои се пласираат по нивните портали целосен фалсификат. Институциите си започнаа постапки со кои ќе се доккаже дека немално ништо спорно, ниту е направена било каква финансиска штета.
Но, она што ќе остане е штетата која ја напрви ВМРО-ДПМНЕ во овој процес и сите блокади и деструкции од почеток на пандемијата. Сепак, јас веќе нема да молчам веќе. Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините. Уште еднаш сакам да порачам, престанете безочно да ги лажете граѓаните со фалсификати и измислици! Тоа не ви носи политички поени а сериозно може да ја искомпромитира набавката на вакцините“, напиша Филипче на Фејсбук.
