Венко Филипче: Третманот на децата продолжува во клиниката на Жан Митрев
Третманот на децата продолжува во клиниката на Жан Митрев, вели за ТВ 24министерот за здравство Венко Филипче и покрај отказот на детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски од болницата „Жан Митрев“ и најавата дека од утре следуваат откази и на останатите десетина луѓе од тимот на Чадиковски.
Чадиковски, кој е единствен лиценциран детски кардиохирург на клиниката за детска хирургија работеше 20 тина години по што пред пет месеци направи трансфер во болницата на Жан Митрев за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови, откако државата и болницата на Жан Митрев се договорија фондот да ги покрива операциите.
Слично
