Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венко Филипче: Сакаме да го забрзаме тендерот за новиот Клинички центар

Венко Филипче: Сакаме да го забрзаме тендерот за новиот Клинички центар

Венко Филипче, министерот за здравство, за Канал 5 изјави дека се надева во побрза изградба на новонајавениот Клинички центар во Ѓорче Петров така што би се разгледала можноста постапката да оди преку актуелните законски решенија.

- Доколку одиме преку сегашните можности за јавни набавки, односно не се носат нови законски решенија, процесот би бил пократок и јас се надевам дека од проектирањето до пуштањето во функција ќе бидат потребни четири до пет години - рече Филипче.

Тој демантираше дека Владата веќе е во преговори со австриска компанија која би ја градела новата Клиничка болница.

- Тоа не се преговори за ангажирање, туку разговори за консултација и за добивање совети за да видиме како тоа го прават останатите земји од Европа. Инаку новиот центар ќе чини од 420 до 480 милиони евра - вели министерот.

Тој вели дека економски ќе се исползува и стариот Клинички центар на Водно.

- Некои болници ќе останат да функционираат за населението, а од останатото ќе гледаме да извлечеме економски бенефит кој ќе го искористиме за изградбата на новиот - порача Филипче.

Слично

Поврзани вести