Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венко Филипче пријави шест стана и фирма во Бугарија во новиот анкетен лист

Венко Филипче пријави шест стана и фирма во Бугарија во новиот анкетен лист

Венко Филипче, поранешниот министер за здравство, по две и пол години повторно има државна функција, овој пат како пратеник во Собранието, по што го објави новиот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупција.

Кандидатот за нов претседател на СДСМ од недвижниот имот пријавил шест стана, од кои пет во Карпош и еден во Центар. Во претходниот анкетен лист имаше два стана и една куќа како лична и заедничка сопственост.

Три стана во Карпош вредат по 200.000 евра и тие би биле најскапите. Од оваа година Филипче има ново возило „индиан пурсуит“ во вредност од 25.000 евра.

Тој има 215 акции во Макстил, 55 во Стопанска банка и 40 во Гранит, но и удел во Макпетрол. Вредноста не е пријавена.

Филипче има и регистрирана фирма под назив Poweri8 во Бугарија.

Слично

Поврзани вести