Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венко Филипче: Платите на приватните специјализанти треба да растат согласно растот на платите на лекарите

Венко Филипче: Платите на приватните специјализанти треба да растат согласно растот на платите на лекарите

„Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласност со растот на платите на лекарите“, напиша екс министерот Филипче откако приватните специјализанти најавија протест, со што ги поддржа нивните барања. Тој вели дека тие го бараат само она што го заслужуваат и сподели фотографија од операциона сала каде заедно со колешки на специјализација изведуваат операција.

„Обезбедувањето на плата за приватните специјализанти за прв пат во историјата, беше плод на мојата соработка со нив додека бев министер. Одлуките за нивните права и барања секогаш ги носевме заедно во еден инклузивен процес. Тоа така мора да продолжи и во иднина. Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласност со растот на платите на лекарите“, истакнува Филипче.

Додека Венко Филипче беше министер за здравство, приватните специјализанти за прв пат добија плата која сега бараат да биде покачена согласно растот на платите во државата.

фото Фејсбук/Венко Филипче

Слично

Поврзани вести