Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венко Филипче: Одобрена набавка за најкритичните региони

Венко Филипче: Одобрена набавка за најкритичните региони

„На вчерашната седница, Владата одобри набавка за 8 мамографи во вредност од 85 милиони денари. Мамографите ќе се дистрибуираат во цела Македонија, кадешто е најкритично и во руралните средини. Со ова, до граѓаните ги доближуваме програмите за скрининг и превенција од рак на дојка. Но, исто така, ќе го намалиме и времето на чекање за термин за снимање на мамограф. Превентивата е половина здравје!“, напиша Венко Филипче, министерот за здравство, на својот профил на Фејсбук.

На вчерашната седница Владата му одобри на Министерството за здравство да започне постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на мамографи, за потребите на јавните здравствени установи во земјата, во вкупна вредност од 85.000.000,00 денари. Набавката треба да се реализира во фази во 2019, 2020 и 2021 година.


Слично

Поврзани вести