Венко Филипче го разреши Ваљон Беља
Ваљон Беља повеќе не е економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Одлуката за разрешувањето на Беља ја донел министерот за здравство, Венко Филипче поради несоодветен настап на Беља. Претходно, Беља на својот профил напиша дека има проневри на клиниката и дека ќе пријави во јавното обвинителство. По ова реагираа од Клиниката за гинекологија со објаснување дека Беља барал хонорано да ангажира двајца советници, но оттаму не гледале причина за овие вработувања.Тој во своја објава на Фејсбук вчера ја обвини својата колешка Викторија Јовановска, директорка на Гинекологија, за незаконски јавни набавки и дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови.
Јовановска најави дека ќе поднесе кривична пријава за клевета и навреда за, како што рече, изнесените невистини.
Слично
