Венко Филипче го пријавил имотот, но Антикорупциска уште го нема објавено
Министерството за здравство тврдо дека новиот министер Венко Филипче навреме ја поднел пријавата за имотот до Државната комисија за спречување на корупцијата.
„Во врска со објавените наводи во дел од медиумите дека не е пријавена имотната состојба на министерот за здравство до Државната комисија за спречување корупција, информираме дека министерот за здравство, д-р Венко Филипче во целост го има запазено рокот за пријавување на имотот, односно поднесена е пријава на 25.01.2018, во рамки на законскиот рок и за тоа поседува писмен доказ – потврда за прием на пратка и фискална сметка за доставена пратка до ДКСК, со датум наведен согласно законските рокови.
Сепак, на веб страната на „Антикорупциска“ и натаму нема објавено детали за имотната состојба на министерот за здравство Венко Филипче. Последни информации кои се објавени за оваа институција се пријавите за состојбата на имотот на поранешниот министер Таравари и неговиот заменик Чакаровски.
Слично
