Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венко Андоновски вели дека сам „и се понудил“ на Владата

Венко Андоновски вели дека сам „и се понудил“ на Владата

Професорот по книжевност Венко Андоновски, најновиот владин советник за култура, во разговор за „Фокус“ вели дека сам ги понудил своите идеи пред да биде ангажиран од владиното раководство за проектот „Осмислување на  структурата и функцијата, изготвување и испитување конкретни можности на терен за отворање на државен Македонски центар за култура во Србија“.

„До соработката меѓу мене и Владата на Република Северна Македонија дојде исклучиво по моја иницијатива. Отсекогаш и пред претходните влади сум доставувал идеи и иницијативи за подобрување на статусот на македонската култура. Така, без оглед на „левата“ или „десната“ ориентација на владата, сум давал свој професионален прилог за сочувување на македонскиот јазик и литература. Работам на два меѓународни културни проекти (едниот од културно-промотивен, а другиот од кулурно-комуниколошки карактер), за кои изготвив темелни елаборати. Не можам да откријам детали, зашто прво, станува збор за лични авторски идеи со заштитени авторски права, второ – само што доставив елаборати и трето, бидејќи како нивен евентуален реализатор не се јавувам јас, туку Владата – може да се случи и да не се реализираат“, вели писателот.

Андоновски беше критикуван од јавноста поради тоа што не ги критикуваше лошите политики на минатата власт, а за време на новото раководство беше еден од потписниците против Преспанскиот договор.

Слично

Поврзани вести