Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венко Андоновски: Проблем со името може да му се случи само на народ што не се почитува себеси

Венко Андоновски: Проблем со името може да му се случи само на народ што не се почитува себеси

Ваков проблем со името може да му се случи само на народ што не се почитува себеси, зашто не го почитува трудот и не сака да се бори, зашто трудот е борба. Мрзливи сме, браќа, пишува писателот Венко Андоновски во најновата колумна за Нова Македонија. 

„Запустени селски дворови од мрзливост, зарасната пруга во грмушки, нечисти возови и автобуси, демолирани јавни тоалети, затнати одводи во случај на град и невреме, површно учење колку за шестка на факултетот, а сите одлични во средно, маргинализирани млади таленти, универзитетски професори со ѕидарска дневница, „професионални“ мајсторски поправки што „држат вода“ додека мајсторот не влегол во првото гранапче да си се чести пиво откако за замена на обичен вентил извадил професорска дневница… Зар за да ги исправиме тие нешта од нашиот менталитет ни е потребно НАТО? Потребен ли ни е кредит од Европската Унија за да купиме – мотика и метла? И сега кукање – „нè отепаа со името“ - пишува Андоновски. 

Целата колумна на Венко Aндоновски прочитајте ја
овде. 

Слично

Поврзани вести