Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕНЕЦУЕЛА Е НАЈОПАСНА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ, А ФРАНЦИЈА ВО ЕВРОПА: Каде е Македонија на листата?

ВЕНЕЦУЕЛА Е НАЈОПАСНА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ, А ФРАНЦИЈА ВО ЕВРОПА: Каде е Македонија на листата?

Франција e најопасна земја во Европа, a Македонија е на 13-то место.

Податоците кои ги објави истражувачката компанија „Нумбео“ за порастот на насилството во Европа и светот открива кои држави се најбезбедни. Покрај реално мерливата стапка на криминал, се земаат предвид и субјективните согледувања. Се работи за грижа за упади, кражби или напади, а корупцијата и поткупот  влијаеле на рангирањето на земјите на таа листа.

Зад Франција следуваат Белорусија, Белгија, Шведска и Италија. Во топ 10 листата се и Велика Британија, Украина, Грција, Ирска и Молдавија. Најбезбедни земји во Европа се Словенија, Естонија, Монако и Швајцарија.

Македонија е на 13-тото место по Албанија која е на 11 место и Босна и Херцеговина која е на 12 место. Србија е рангирана на 17 место, зад Русија и пред Германија, а Косово е на 14-тата позиција. Бугарија е на 19 место, Црна Гора на 21, Унгарија на 24, Романија на 26, Хрватска на 36 место. 

На светски нови, најнебезбедна е Венецуела, а зад неа следуваат Папуа Нова Гвинеја, Авганистан, Хаити и Јужна Африка, а најбезбедна земја на планетата е Катар.

Слично

Поврзани вести