Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕНДИ МОРТОН ДЕНЕС И УТРЕ ВО СКОПЈЕ: Што е причина за посетата на британската министерка за Европа и Америка

ВЕНДИ МОРТОН ДЕНЕС И УТРЕ ВО СКОПЈЕ: Што е причина за посетата на британската министерка за Европа и Америка

Средби со владини функционери ќе оствари денеска Венди Мортон Министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство која доаѓа во дводневна посета на Македонија.

Според најавите, Мортон ќе се сретне со  вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров како и со министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот Насер Нуредини.

Покрај владините функционери, Мортон ќе има среди и со граѓански организации за  заштита на животната средина, промоција на човековите права, родова еднаквост, вклучување на лицата со попреченост и медиумски организации и слично.

Мортон ќе биде дел од состанокот на Советот во рамките на Договорот за партнерство, трговија и соработка (ДПТС) во Министерството за надворешни работи, што ќе ги зајакне трговските врски меѓу двете земји.

Слично

Поврзани вести