Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ СТАНАА УЛИЦИ - Како успеал да се симне на патката е енигма?

ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ СТАНАА УЛИЦИ - Како успеал да се симне на патката е енигма?

Нема ден да помине без некој да забележи и фотографира непописно паркирани автомобили. 

Ако досега беше хир да се паркираат по тротоари, по зелени површини во градското подрачје, сега веќе возачите имаат зголемени апетити. 

Последната објава на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ покажува возило паркирано на велосипедската патека на кејот, најверојатно на реката Вардар. 

Од фотографијата се гледа дека станува збор за возило со скопски регистарски ознаки, а зачудениот објавувач прашува како возачот успеал да влезе други таму. 

Неговата објава предизвика коментари кои дури шеговито коментираат, оти ваквите појави стануваат секојденевие. 


Ова не е прв пат да има вакви објави. Неодамна пишувавме за автомобилите паркирани на тротоар на улица во Охрид, чиј објавувач напиша: „Прописно паркирани на тротоар!“.

Но, покрај ваквите непочитувачи, врв се оние кои успеваат да влезат на велосипедска патека и да возат по неа. Таков е примерот со Скопјанец кој си пичеше по велосипедската на кејот на реката Вардар.  

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести