Велосипедистите демотивирани, полицијата ги тапка по рамо, крадците си го гонат бизнисот низ Скопје
Единствено групите на социјалните мрежи им се од полза на граѓаните чии велосипеди се украдени.
Надлежните со никакви детали за решени случаи или за фатени крадци.
Не престануваат поплаките за деноноќно крадење на велосипеди а се крадат и од висококатници и тоа пред се скапи спортски модели.
- „Вчера украден е велосипед марка GT(детски рам М-големина) заклучен пред продавничката карши канал 5 телевизија.Заклучен беше со истиот бројчаник како на сликава за бандерата(скинат беше ланецот затоа е заклучен таму).Првата фотографија не е од точакот многу е сличен рамот и иста боја другите фотки се од него.Ве молам ако имате некое инфо или предлог каде би можел да го побарам.Дали е паметно по сервисиве да оставам фотографии доколку им го донесат за поправка ?“ е последниот пост на групата „Украдени точаци“ на Фејсбук.
-Пред 2 недели ми го украдоа точакот врзан пред зградата во Дебар Мало.Иако искрено не верувам во ова што го пишувам, ве молам пријавете ми ако го видите или ако ви го нудат на продажба. Многу благодарам и многу ми е жал.- пак стои во друга објава во истата група.
Од полицијата се крие колку случаи се решени со украдени велосипеди или тие се симболична бројка.
-Од јануари до септември 2018 година регистрирани се вкупно 642 кривични дела “кражба“ на велосипеди. Дел од овие кривични дела се расчистени, а за дел се превземаат мерки за нивно целосно расчистување-велат за „Фактор“ од Министерството за внатрешни работи.
За кражбите на велосипеди не се пишува ниту во полициските билтени а јавноста нема увид во бројките кои е веројатно дека се големи.Бизнис кој цвета
И покрај повиците на градот да се возат се почесто велосипеди, граѓаните се чувствуваат демотивирани токму од крадците на кои бизнисот им цвета.
-Втор пат за три месеци ми го крадат велосипедот од пред влез во Аеродром а надлежните апелираат да возиме...епа како да возиме на овој начин? -прашува револтирана девојка .
На социјалните мрежи се коментира и дека полицијата е вмешана во бизнисот со крадците а тоа често е поткрепено со факти дека креваат раменици кога и да се случи ваков вид на кражба.
-И мене и на другар ми пред неколку месеци ни ги украдоа велосипедите. Пријавивме уредно во полиција а од таму ни креваат раменици. Велат да си го бараме точакот на некој од познатите Канта пазари-обвинуваат членови во групата.
