Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељановски пред свршен чин - Разрешен нов директор на театар

Вељановски пред свршен чин - Разрешен нов директор на театар

Со решение од министерот за култура разрешен е директорот на НУ Драмски театар, Роберт Вељановски. Тој на оваа функција беше во изминатите четири години. 

Претходно беше разрешена и Јелена Жугиќ која беше директорка на Театар Комедија. Таа се жалеше дека била бесправно отпуштена од работа, а повеќе партиски активисти посочија дека Жугиќ е „избркана“ само затоа што е политички активна за ВМРО-ДПМНЕ.

Вељановски ги поддржуваше протестите на „За заедничка Македонија“, но и често во јавните настапи стоеше зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Се уште не е откриено кој ќе го наследи во Драмски театар.

Вељановски е дипломиран актер на Факултет за Драмски уметности, Унивезритет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Од 1997 година е вработен во Драмски.

Слично

Поврзани вести