Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељаноски повикан на сослушување

Вељаноски повикан на сослушување


Поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, е повикан на сослушување кај јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција. Тој во обвинителството влезе преку алтернативниот влез, избегнувајќи ги медиумите.

Поранешниот собраниски спикер е осомничен дека е еден од петте организатори на насилството во Собранието на 27 април 2017 година. Во февруари Обвинителството побара притвор за Вељаноски, но Собранието не му го одзеде пратеничкиот имунитет.

Во извештајот на експертизата се вели дека од телефонот на Вељаноски пред „крвавиот четврток“ се испраќани четири пораки до поранешниот премиер Никола Груевски.

По настаните, Вељаноски интензивно комуницирал со пратеникот Крсто Мукоски и заменик-началник за безбедност Горан Ѓошевски Леви, кој веќе е осуден на казна затвор.


Слично

Поврзани вести