Вељаноски закажа координација - кога ќе се одржи?
Во однос на иницијативата, спикерот Трајко Вељаноски закажа координација за вторник на која треба да биде утврден
предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, по што треба да се закаже седница на Собранието.
„Денес во Собранието на Република Македонија ми беше доставено барање од 67 пратеници
за закажување на продолжение на Конститутивната седница на деветтиот парламентарен
состав, започната и прекината на 30 декември 2016 година. Од тие причини, а после
извршените консултации со овластените претставници на политичките партии застапени во Парламентот, закажав координативна средба за вторник, 21 март 2017 година, во 12 часот. На
координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за
прашања на изборите и именувањата кој ќе послужи како основ за закажување на
продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија“ - стои во
одговорот на Вељаноски.
СДСМ денеска до Собранието на РМ ја поднесоа иницијативата за продолжување на конститутивната седница. Тие приложија и 61 потпис.
