ВЕЛЈАНОСКИ: СО КРСТОТ ПО КУЌИ - Поранешниот спикер за празничната атмосфера во село Сливово
Поранешниот спикер на македонското собрание, Трајко Велјаноски преку својот фејсбук профил денеска сподели со јавноста дел од атмосферата за големиот христијански празник Свети Јован Крстител која ја практикуваат и одржуваат жителите на село Сливово.
Тој со јавноста сподели во кратки црти дека низ селото се шета со крстот кој за време на вчерашниот ден се фрла во најбислката река.
- Село Сливово – Славна Дебрца, со крстот по куќи за женски Водици.
За многу години СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ! - напиша Велјаноски.
Неговата објава предизвика многубројни коментари, од кои најголемиот дел беа насочени кон честитки и добри желби за празникот и за сите верници.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
