За виновен е прогласен и Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК, и е осуден на шест години затвор.
ВЕЉАНОСКИ, РИСТОВСКИ И АТАНАСОВСКИ ОДАТ ВО КУЌЕН ПРИТВОР - дома во притвор ќе биде и Миле Јанакиески
Судечкиот совет предводен од Илија Трпков, им изрече мерка куќен притвор на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски кои денеска беа осуден на затворски казни за случајот „Организатори на 27 април". Ова одлука следеше откако обвинителката Гордана Смаќоска побара изрекување на мерка притвор, но истата судот ја одби.
Исто така, за Миле Јанакиески, судечкиот совет истакна дека останува во сила мерката куќен притвор.
Како што е познато, Кривичниот суд Скопје денеска ја објави пресудата, со која Трајкјо Вељаноски е осуден на шест и пол години затвор, a Ристовски и Јанакиески по 6,3 години.
Слично
