Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељаноски побрза да го „неутрализира“ Заев на говорница

Вељаноски побрза да го „неутрализира“ Заев на говорница

Поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски веднаш побрза да го неутрализира говорот на македонскиот поремиер Зоран Заев на говорницата на отворањето на комисиска расправа за уставните промени во Собранието.

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, рече дека ниту една пратеничка група и опозициска партија не биле поканети да дадат придонес во преговорите за решавање на спорот за името, откако Заев рече дека должнот на сите нардони избраници е да го следат надпартискиот интерес и да ја прифатат Спогодбата од Преспа за подобра иднина на граѓаните.

– Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот. Тесен круг на политичари реши дека имаат мандат, визија и знаење дека може да го решат ова национално прашање и со тоа да ги извисат граѓаните. Се создава чувство дека решението е туѓо и наметнато и дека не извира од македонските инетереси, а Собранието и пратениците се доведени пред свршен чин. Јас како пратеник изјавувам дека немам намера да гласам против волјата на мнозинството на граѓани кои одлучија да се спротивстават на овој Договор со бојкотирање на референдумот – рече Вељаноски.


Слично

Поврзани вести