Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељаноски: Не можев да го исклучам микрофонот

Вељаноски: Не можев да го исклучам микрофонот

Трајко Вељаноски за прв пат проговори во јавноста за неисклучувањето на микрофонот на пратеникот Зекирија Ибраими од Беса кој на 27 април лани непосредно пред упадот во Собранието ја пееше албанската химна во законодавниот дом. Во тие моменти Вељаноски се уште беше претседател на Собранието и технички имаше можност да му го исклучи микрофонот. Наместо тоа, Ибраими ја испеа химната до крај и така ја подгреа и онака тензичната атмосфера.

ВМРО-ДПМНЕ тогаш го обвини СДСМ дека тие со своето однесување ја создале таа напнатост, но од таму возвратија дека собранискиот спикер доколку сакал можел да „го исклучи“ пратеникот.

Ситуацијата денеска налагаше коментар од Вељаноски бидејќи е повикан како сведок на рочиштето за 27 април.

„Немав можност да го исклучам Ибраими. Ако е од место можеше да се исклучи, а од говорница нема таква можност, за жал. Испеа, дојде 18 часот, ја прекинав седницата и реков продолжуваме утре, ама никој не излегуваше од салата. Останав уште 10 минути, и потоа си заминав. Мислев дека се во салата поради мене. Се качив горе во кабинетот“, рече Вељаноски

Веднаш по орекинот на седницата, пратениците на СДСМ и ДУИ го прогласија Талат Џафери за претседател на Собранието, по што веднаш толпата упадна.


Слично

Поврзани вести